Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) „За заедничка Македонија“ се помасовно против двојазичност

(ГАЛЕРИЈА) „За заедничка Македонија“ се помасовно против двојазичност

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија"  вечерва во Скопје одржа протестен марш против промена на Уставот и двојазичност во Македонија.

Осмиот по ред марш  започна пред Владата на Република Македонија, а продолжи пред Собранието.

Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија” вели дека остро ја осудуваат платформата со која се загрозува унитарноста. 

„Стануваме се повеќе и повеќе, покрај Скопје уште 20 градови се вечерва на улиците. Излеговме и бараме македонска платформа тука во Македонија, а не платформи на странски држави“- изјави Илиевски.

Протестите продолжуваат и утре. 

ФОТО ФАКТОР

Слично

Поврзани вести