Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Во Собранието ќе продолжи конститутивната седница

(ГАЛЕРИЈА) Во Собранието ќе продолжи конститутивната седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНE вчера ги повторија барањата, јасно да се каже што е договорено со ДУИ, но и да се отфрли Тиранската платформа. Според ВМРО-ДПМНЕ, единствен излез од политичката криза е одржување предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Пратениците од СДСМ, побараа да не се крши Деловникот. Тие велат  дека дебатата треба да се фокусира на точката на дневниот ред и да се остави за секое прашање да се дебатира кога ќе дојде време за тоа.

Веќе три дена се дебатира во Собранието, а претседател на Собранието уште не е избран. За оваа функција предложен е Талат Џафери од ДУИ. 

ФОТО ФАКТОР

Слично

Поврзани вести