(ГАЛЕРИЈА) Вардар со минимално водство на полувремето против Фенербахче
Фудбалскиот клуб Вардар има минимално водство на полувремето против Фенербахче од Истанбул.
Вардар поведе со 1-0 против Фенербахче во 20. минута со погодокот на Барсегјан.
Првата посериозна шанса за погодок ја имаа гостите, меѓутоа имаше правовремена реакција на Демири во 8. минута кој расчисти пред топката да стигне до Ќосе, кој беше во извонредна позиција да погоди.
Гостите дојдоа до нов обид, овој пат преку Шенер во 16. минута, а истиот тој биеше над голот на Вардар.
ФОТО ФАКТОР















Слично
