ГАЛЕРИЈА: Вака беа уништени разни дроги и супстанци во Дрисла
Денес во регионалната депонија Дрисла беа уништени околу 170 килограми разни видови дроги и психотропни супстанци кои потекнуваат од кривичните дела : недозволено тргување, користење или уживање на опојни дроги, прекурсори и други психотропни супстанци - што полицијата ги расветлила во изминатиот период, а за кои кривични дела надлежните судски инстанци веќе донеле правосилни судски пресуди .
Од Министерството за внатрешни работи велат дека во континуитет преземаат интензивни оперативни мерки и активности, така што може да се констатира дека годинава статистички гледано се бележи пораст на бројот на откриени и расветлени кривични дела од оваа област.
Слично
