Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) „Слободата и интернетот во Македонија“: Кои се новите предизвици?

(ГАЛЕРИЈА) „Слободата и интернетот во Македонија“:  Кои се новите предизвици?

Во Скопје се одржa конференцијата „Слободата и интернетот во Македонија“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ како дел од одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество Македонија(ФООМ) – #ФООМ25.

Се дискутираше за развојот на интернетот во земјава, за предизвиците со кои се соочува онлајн медиумската заедница и за нивните искуства и потреби.

На темата „Слободен тек на информации – предуслов за отворено општество“ говорea Бардил Јашари, извршниот директор на „Метаморфозис“ и Санта Аргирова, член на Управниот одбор на ФООМ.

„На почетокот проблемот и „борбата“ беше околу пристапот кон интернет и малиот број на корисниците, сега е борбата е друга, со заштитата на приватноста, со лажните вести и со говорот на омраза“ – рече Јашари.

Според Санта Аргирова, сè уште е голем јазот меѓу генерациите околу користењето на интернетот чија главна предност е што е отворен, двонасочен.

ФОТО ФАКТОР 


Слично

Поврзани вести