Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Скопје и Македонија го обележаа Водици, од граѓаните пратена порака за името

(ГАЛЕРИЈА) Скопје и Македонија го обележаа Водици, од граѓаните пратена порака за името

Бог се јави. Навистина се јави. Вака меѓусебе граѓаните од христијанска вероисповед се поздравуваат на денешниот празник Богојавление Водици посакувајќи здравје, мир и среќа за сите.

Ширум државата заврши традиционалното положување на светиот крст во водите.

Илјадници граѓани во мирна атмосфера ја следеа манифестацијата во главниот град. Христијан Нинески кој има 25 години беше насреќен меѓу Скопјани. Тој како што кажа се фрла по шестти пат и токму денес за прв пат го фаќа крстот кој во Вардар од мостот „Слобода“ го положи и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.


Во скопски Карпош каде крстот во водите на Вардар беше положен од железниот мост најсреќен меѓу верниците беше Илија Блажевски кој и минатата година го извади светиот крст.

Васко Панчовски го извади чесниот крст од водите на река Брегалница во Делчево

Втор пат крстот во Охрид во раце на Иван Лотески.  Дваесет и двегодишниот Јове Стојчевски од Битола пак е најсреќниот на свечената манифестација што денеска се одржа во црковниот двор на храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ по повод христијанскиот празник Богојавление-Водици.   

Деветнаесетгодишниот Цветко Митрески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга. Стружанецот, кој десетти пат скокал по светиот крст, три пати го фаќал во Дебар, а прв пат во родната Струга.  Дваесет и седумгодишниот Дарко Илов по втор пат го фати светиот крст во Црна Река кај Росоман.


Во Скопје, на манифестацијата пак беше испратена и порака до властите.

„Името ни е идентитетот“ пишуваше на голем постер распослан на кејот на Вардар во Центар.


Слично

Поврзани вести