Галерија: Што им посака Дедо Мраз на македонските граѓани?
Скопје пулсира во предновогодишно и празнично расположение и се чини дека политичката тензија по изборите полека оди во позадина, па сега главна преокупација на граѓаните ќе им биде да си поминат убаво во наредниот период.

Главниот град доби отворен новогодишен базар со штандови со повеќе различни содржини, од продажба на украси и честитки, до храна и пијалоци, а на плоштадот Македонија има и бина каде настапуваат млади бендови и диџеи.

Ние имавме можност да поразговараме и со Дедо Мраз, кој оваа година е задолжен да се фотографира со дечињата и да ги чуе нивните желби, па еве што тој имаше да ни порача.

Фактор: Колку време е Дедо Мраз во Скопје, како реагираат граѓаните, имате ли работата?
Дедо Мраз: Тука сум веќе неколку дена, граѓаните се многу расположени пред празниците. Децата ги кажуваат своите желби, сакаат да се сликаат. Некои посакуваат слатки, играчки, други пак таблет, лаптоп или смартфон, а трети пак сакаат братче или сестриче во новата година.

Фактор: Која е вашата порака за Нова година?
Дедо Мраз: На граѓаните на Македонија им посакувам многу здравје, среќа, љубов и безгрижност и помалку проблеми во Новата година.







Автор: Христијан Станоевиќ
