Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Шилегов и Каминис, Скопје и Атина, заедничка историја и нова иднина

(ГАЛЕРИЈА) Шилегов и Каминис, Скопје и Атина, заедничка историја и нова иднина

Договор за соработка помеѓу градовите Скопје и Атина беше потпишан денеска во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје. Договорот го потпишаа градоначалниците на двата града, Петре Шилегов и Јоргос Каминис.

– Со потпишувањето на овој договор, со Атина ќе разменуваме информации, искуства и добри практики и ќе негуваме соработка во разни области на работа и надлежности, како што се: градска администрација и управување со јавни услуги, урбан развој, урбана отпорност, заштита на животната средина и природата, културни и туристички активности, иновации, информатичка технологија и дигитализација и практики за граѓански ангажман. Воедно, заедно ќе соработуваме во рамките на мрежата Eurocities и ќе ги промовираме трговските контакти – истакна Шилегов.

Во обраќањето, Шилегов  потенцираше дека двата града и двата народа имаат повеќе историја што ги спојува отколку историја што ги разделува, па затоа и го избрале Музејот на современа уметност да биде местото на кое ќе го потпишат договорот. 

Слично

Поврзани вести