Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Премиерот Заев на утринска молитва по повод Курбан Бајрам

(ГАЛЕРИЈА) Премиерот Заев на утринска молитва по повод Курбан Бајрам

Премиерот Зоран Заев по повод празникот Курбан Бајрам утрово присуствуваше и на утринската молитва во Мустафа-пашината џамија. 

Во негова придружба беше и пратеникот Мухамед Зекири, како и спикерот Талат Џафери. Заев ќе се сретне и со жителите на општина Арачиново. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

ФОТО ФАКТОР


Слично

Поврзани вести