Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Пред двонеделното затворање, локалите во Скопје и во Охрид полни до последна минута: Уште едно пиво пред фајронт

(ГАЛЕРИЈА) Пред двонеделното затворање, локалите во Скопје и во Охрид полни до последна минута: Уште едно пиво пред фајронт

Локалите во Скопје и во повеќето од нашите градови вчера беа полни до последно, пред затварањето на две недели, според одлуката која завчера ја соопшти Владата како дел од новите мерки за заштита од вирусот.

Да се допие уште едно пиво и уште едно кафе, пред фајрнот, пишуваа вчера многу граѓани на социјалните мрежи, а сликата беше таква и во реалноста.

Во Охрид,  сè до 19 часот, гостите уживаа на сончевите тераси покрај езерото и во охридската чаршија, а потоа сосема друга слика видовме во нашиот најпознат туристички центар.

 

За пет минути, сосема „се смени филмот“ и одеднаш, масите од терасите ги снема, келнерите со неверојатна брзина ги внесоа внатре во локалите.


Бевме сведоци на една таква, необична глетка. Во охридската чаршија остана само една, последна маса на која имаше гости, а келнерите трпеливо чекаа тие да го допијат часот, па да ја соберат и неа. Откако градот почна да се празни пред полицискиот час во 20 часот, видовме уште една интересна слика: Тројца мажи набрзина си купија пиво од единствената отворена продавница, и го испија, речиси на екс, наздравувајќи си на клупа, на кејот крај езерото. 


„Ова е дежаву од лани. Една година само се вртиме во круг“, ни изјави една повозрасна госпоѓа, сопственик на локал.


Состојбата во Скопје беше слична. Многу од угостителските објекти беа полни сè до фајронт, главно со млади луѓе.  


М.Џаровска

Фото: В.Тануровски 


Слично

Поврзани вести