(ГАЛЕРИЈА) ПАЗИ СЕ ЛИЗГА: Нов снег врз замрзнатите тротоарски лизгалишта!
Ширум земјава денес вее снег. Така е и во главниот град.
После два дена мирно време, снегот продолжува да паѓа.

Во моментов во главниот град не врне снег, но тој што завеа утринава легна врз помрзнатите раскашалени улици.

Репортерот на Фактор ви ја пренесува атмосферата и расположението од снежните скопски улици, а подолу ви откриваме времнска детали од прогнозата за деновиве.


Тротоарите се претворени во лизгалишта а зимски служби се на терен да ја контролираат состојбата.






Славчо Поповски вели дека утре ќе има услови за локално провејување на славб снег во јужните предели.
Утре минималната температурата ќе се движи од -16 до -8 степени додека на високите места и планините ќе се спуштат околу или под -20 степени. Утре преку ден веќе температурите ќе бидат во благ пораст но ќе останат под 0 степени и ќе се движат во интервал од -7 до 7 степени. Од петок може да очекуваме попријатни температури.
ФОТО: ФАКТОР
