(ГАЛЕРИЈА) Одложено рочиштето за „Тотал“ во кој се гони Драган Павловиќ Латас
Се одложи првото рочиште за случајот „Тотал“ за 7 декември.
Во случајот за даночно затајување е обвинет новинарот Драган Павловиќ Латас.
Рочиштето денеска е одложено бидејќи според судијката не се создадени услови затоа што обвинетиот не назначил свои претставници во две од вкупно трите фирми преку кои наводно се вршело даночното затајување.
Судијката наложи на одбраната во текот на денешниот ден да се постават претставници на фирмите, во спротивно Судот сам ќе постави претставници од адвокатите кои се наведени во листата дека постапуваат по службена должност.
Павловиќ се товари дека во период од осум години давал лажни податоци во книговодствената евиденција на фирмите со цел да одбегне плаќање на данок.
ФОТО ФАКТОР



Слично
