Галерија од запуштеното езеро Треска: Тежок удар за убавите спомени
Со години оставен на силата на природата, сега под притисок на новиот урбанистички план - во моментов просторот околу езерото „Треска“ изгледа тажно и запуштено. Некогаш главното излетничко место на скопјани, кое во неделите беше преполно, денес е сосема празно.
Приколките се руинирани, ѓубре има секаде наоколу, вода во езерото сосема малку, рестораните се речиси целосно срушени. Еден од двата базени е полн со вода, другиот празен и се шири многу лош мирис наоколу. Внимание ни привлече ресторанот близу до базените на кој сè уште стои стариот натпис „Снек бар“.
Пред многу години, беше доживување на лето да се оди на плажа на Треска, да се бара место повеќе на тревникот над езерото или на бетонот до самото езеро, за да си ја постелеш крпата за на плажа. Во истиот тој „Снек бар“ се продаваа сендвичи, „Јупи“, „Кокта“, пиво или лимонада. Мирис на скара се ширеше од камперскиот дел, многу скопјани си имаа закупени приколки на Треска и остануваа и по цели лета. Големиот ресторан беше еден од најразработените за правење свадби и семејни веселби. Треска беше душата на Скопје.
Според новиот ДУП кој го претстави градоначалниикот на Општина Сарај, Блерим Беџети на тоа место треба да има базени, аквапарк, спортско-рекреативен центар, простор за забава за деца и возрасни, викенд куќички, хотели и трговски центар.













Женски магазин
