Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) НОВ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ: Украинците бараат да се затвори небото над Украина

(ГАЛЕРИЈА) НОВ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ: Украинците бараат да се затвори небото над Украина

Украинците кои живеат во земјава, но и други граѓани денеска повторно излегоа на протест во Скопје, и бараат да се затвори небото над Украина, и да се спречи агресијата. 

Претседателот на Здружението „Лесја Украинка“, Олександар Урбанович,  вели дека целта на протестот е НАТО да го затвори небото над Украина. 

„Без жалост и размислување се уништуваат градови и села, се убива мирно и невино население притоа нештедејќи ниту деца и старци. Со руската инвазија ставена е под удар и нуклеарната безбедност и сите знаеме какви катастрофални последици може да донесе оваа нуклеарна закана не само за Украина туку и пошироко“, вели Урбанович. 

И во регионот имаше протести за поддршка на Украина. Вакви протести имаше и во српските градови Белград и Нови Сад, иако Србија е земја која има блиски односи со Русија и не воведе санкции. 

фото Вангел Тануровски


Слично

Поврзани вести