Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Mej: Горда сум што во последните 25 години сум првиот премиер што ја посетил Македонија

(ГАЛЕРИЈА) Mej: Горда сум што во последните 25 години сум првиот премиер што ја посетил Македонија

Британската премиерка, Тереза Меј на денешната прес-конференција во Владата заедно со премиерот, Зоран Заев изјави дека е горда што е прв премиер од Велика Британија што во последните 25 години ја посетил Македонија.

„Ти благодарам Зоран на топлото добредојде и горда сум што во последните 25 години сум првиот премиер што ја посетил Македонија. Можеме да видите што се случи по парламентарните избори, се случија големи промени и Македонија се отвори кон другите држави. Може да сметате на нашата поддршка. Вашата земја премиере е интегрален дел од Европа“ - рече Меј. 

Нашето пријателство ќе јакне и понатаму, иако повеќе не сме членка на Европската унија, додаде Меј.

ФОТО ФАКТОР


Слично

Поврзани вести