Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Македонија трепери, вечерашниот протест мирен, што не чека понатаму?

(ГАЛЕРИЈА) Македонија трепери, вечерашниот протест мирен, што не чека понатаму?
Повеќе илјади луѓе се собраа вечерва во главниот град пред Собранието на мирен протест  поради полициската бруталност, а Законодавниот дом го обезбедуваше полицискиот кордон. Демонстрантите и денес во 18 часот излегоа пред Влада, каде не им беше дозволено да протестираат и да и се приближат на Владината зграда, оттаму се упатија кон МВР при што по пат ги поддржаа средношколците во кампувањето пред МОН и ги повикаа да им се придружат. Но, и пред МВР, иста глетка. Полициски кордoни силно го бранат министерството. Од таму демонстрантите се упатија пред зградата на премиерот Никола Груевски и на крај четврта и последна локација им беше Собранието. Тие и денес ги повикаа надлежните да ја преземат одговорноста за прикривањето на убиството на Мартин Нешковски и кажаа „Стоп за полициската бруталност“. Паралено, како што информиравме се протестираше и во други градови ширум земјава. Ви пренесуваме дел од протестот низ фотографии. protest 08.05 16 protest 08.05 1 protest 08.05 2 protest 08.05 3 protest 08.05 4   protest 08.05 5 protest 08.05 6 protest 08.05 7   protest 08.05 8 protest 08.05 9 protest 08.05 10 protest 08.05 11 protest 08.05 12 protest 08.05 13 protest 08.05 14 protest 08.05 15 protest 08.05 17 protest 08.05 18 protest 08.05 19 protest 08.05 20 protest 08.05
Слично

Поврзани вести