Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Македонија го слави Бадник

(ГАЛЕРИЈА) Македонија го слави Бадник

Бадник е денот пред Божиќ, очекување на Христовото раѓање.

Првите весници на празникот се децата коледари. Од рано утро нè будат со песна и со радост. На Бадник завршуваат Божиќните пости. Тоа е последната посна трпеза пред Божиќ, а полна со разновидна храна и овошје. На овој ден верниците одат во црква да запалат свеќа за здравје, среќа, бериќет. 

Бадник е ноќта на мирот, радоста, љубовта и сплотеноста, кога будни го дочекуваме раѓањето на Господа Исуса Христа. Таа будност не мора да значи само будно око од неспиење, туку уште повеќе значи будност духовна – да бидеме духовно будни!
Бадник е роденденската ноќ на Спасителот.

ФОТО ФАКТОР


Слично

Поврзани вести