Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Кој се е присутен на Конгресот на СДСМ?

(ГАЛЕРИЈА) Кој се е присутен на Конгресот на СДСМ?

Опозицијата ги крои пратеничките листи со кои ќе се трка на изборите во Декември.

Заев побара делгатите на 21 Конгрес да ги поддржат предложените пратенички листи .

- Во името на раководствтото на СДСМ и во името на граѓаните на Македонија ја барам поддршката и заедно да ја донесеме историската победа на граѓанска Македонија. Пресвртот во Македонија почнува денес. Една партија широко ги отвори вратите и ја отвори својата душа на граѓаните. Успеавме затоа што израснавме, созреавме. Граѓаните го препознаа својот партнер. Така се гради солидарно општество и држава на еднакви граѓани. Стоиме на зборот. Секој ни е важен. Затоа овие пратенички листи отвараат место за сите. Во нив не има од различни региони, професии, етнички заедници, од градови и села, од секаде, од секоја пора на општеството, рече Заев.

Неофицијално, како што соопштивме носител на пратеничката листа во првата изборна единица е поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, во втората изборна единица носител е актуелниот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, во третата изборна единица,е Љупчо Николовски дополнителен заменик министер за земјоделство, претседателот на СДСМ, Зоран Заев е на чело на четвртата изборна единица,во петтата изборна единица носител е потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска а вошестата изборна единица е портпаролот на партијата Петре Шилегов.

Погледнете дел од атмосферата вечерва таму и кои се дојде на Конгресот.

Слично

Поврзани вести