Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Каква порака испратија лидерите вклучени во Процесот Брдо-Бриони?

(ГАЛЕРИЈА) Каква порака испратија лидерите вклучени во Процесот Брдо-Бриони?

Учесниците на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони денеска во Скопје порачаа дека одговорноста сега е кај земјите - кандидатки и потенцијалните кандидати на патот за стекнување полноправно членство во ЕУ на кој треба посветено и натаму да работат на реформите. 

Претседателите на Македонија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, претседателот на ЕС и бугарскиот премиер во заедничкиот заклучок од состанокот нагласуваат дека ги подджуваат објективните критериуми за проширување на ЕУ со земјите-членки на Процесот Брдо-Бриони, каде што е истакната проценката на индивидуалните заслуги. Очекуваат натамошна помош од ЕУ за подобрување на транспортната, енергетската и дигиталната поврзаност на земјите-членки на Процесот Брдо-Бриони со силна поддршка на постојните проекти.

ФОТО ФАКТОР


Слично

Поврзани вести