Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Јанева: Продолжуваме со работа, за нас рокот 1 јули ништо не значи

(ГАЛЕРИЈА) Јанева: Продолжуваме со работа, за нас рокот 1 јули ништо не значи

Обвинителката Катица Јенева денеска изјави дека рокот ништо не значи и дека ќе продолжат со работа. 

Таа се надева дека ќе имаат шанса да се занимаваат и во иднина со случаите на корупција. Јанева рече дека денеска и утре предметите ќе се носат во судот. 

Додава дека ако некој осум години незкаонски финансирал кампаља, потребно е повеќе време за тој случај. 

„Предметот „Талир“ треба да оди, откако ќе се истражат сите дејствија, откако ќе се приберат сите докази, треба да се извршат вештачења од независни експерти“ - вели Јанева. 

„Таргет“ и „Тврдина“ се споени во едно, додаде Јанева. 

Обвинителката вели дека има уште многу индиции за сторен криминал. Таа објасни дека истрага за високи функционери на ДУИ не е отворена како што се пишуваше во дел од медиумите. Јанева вели дека продолжуваат со работа и за нив 1 јуни ништо не значи. 

ФОТО ФАКТОР


Слично

Поврзани вести