(ГАЛЕРИЈА) Иванов ја пресече лентата, Груевски пак доцнеше-Кој се беше дел од свеченото отворање на Македонска филхармонија?
После осум години од најавата новото седиште на Филхармонија ги отвори вратите.
Први гости-политичкиот врв и раководство на ВМРО ДПМНЕ. Меѓу нив сегашни и екс министри.
Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Зоран Ставрески-само дел од партиското раководство кое на свеченото отворање на Филхармонија му испрати можеби последен аплауз на својот лидер.
Никола Груевски по обичај со доцнење од час и половина пристигна на свеченото пуштање на зградата а црвената лента не се пресече без тој да дојде.
Меѓу присутните беа и скопските градоначалници Коце Трајановски, Ивица Конески, техничкиот премиер Емил Димитриев, директорот на Телеком Жарко Луковски, министрите Спиро Ристовски и Никола Тодоров.
Само за потсетување...новата зграда на Македонска филхармонија според првичната најава во 2009 требаше да чини шест милиони евра, но ја достигна сумата од 39 милиони евра.
Од партијата на мандатарот Заев немаше никој на свеченоста. Министерката Канчевска-Милеска „фатена во тесно“ од новинарите без влакно на јазик се правдаше дека покани до никој не се праќале туку секој кој сакал да биде присутен на отворањето можел да си купи билет.
Ви пренесуваме дел од атмосферата на вчерашното отворање на новиот објект на Македонската Филхармонија.












