Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Граѓаните уживаат на снегот, стартуваше скијачката сезона на Попова Шапка

(ГАЛЕРИЈА) Граѓаните уживаат на снегот, стартуваше скијачката сезона на Попова Шапка

Почна скијачката сезона на Попова Шапка. 

Со промотивниот настан „Шарска белина – Шарска убавина“ денеска се означи почеток на зимската скијачката сезона во новиот Национален парк Шар Планина, а беше промовиран и планот за управување со националниот парк. Претставниците на надлежните институции имаа пригодни обраќања, а се одржаа и културно-забавни активности.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини изјави дека националниот парк и ски-ресорт во иднина ќе бидат места каде ќе се практикуваат решенија базирани на природата како начин за заштита на автентична природа.

фото Вангел Тануровски


Слично

Поврзани вести