Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЛЕРИЈА: Фудбалски спектакл во Скопје кој долго ќе се памети

ГАЛЕРИЈА: Фудбалски спектакл во Скопје кој долго ќе се памети

Натпреварот кој со месеци се очекуваше да се одигра во Скопје долго ќе се памети. Македонската публика вчера ја доживеа кулуминацијата на фудбалската треска која го зафати главниот град кој ќе влезе во историјата како домаќин на финале на Супер купот на УЕФА. 

Иако станува збор за симболичен натпревар со кој се означува почетокот на новата сезона екипите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се погрижија да гледаме убав натпревар со голови.

Шпанците докажаа дека се убедливи европски фудбалски владетели и стигнаа до третиот Супер куп трофеј од последните четири финалиња. 

Низ главниот град се одвиваше вистински фестивал на фудбалот, а не ни можеше подруго кога на гости дојдоа најдобрите спортски асови со тимови чија вкупна вредност надминува една милијарда евра. 

Најважно е што се помина во мирна и весела атмосфера без никакви проблеми, па токму тоа го нотираше и УЕФА која му се заблагодари на Скопје.

Реал Мадрид славеше против Манчестер Јунајтед со 2:1. Стрелци за Реал Мадрид беа Касимеиро и Иско, додека голот за утеха за поразените го постигна Лукаку.


Слично

Поврзани вести