Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЛЕРИЈА: Балет „Клеопатра“ во Македонската опера и балет

ГАЛЕРИЈА: Балет „Клеопатра“ во Македонската опера и балет

Со балетскиот спектакл „Клеопатра“ синоќа во Македонската опера и балет, примабалерината Александра Мијалкова го одбележа 25-годишниот јубилеј од уметничката дејност.

Кореограф на „Клеопатра“ е Василиј Медведев, музиката, која е специјално напишана за оваа претстава, е на литванката Нерија Голдберг, костимите и сценографијата на Павел Јураш, а Станислав Фечо е асистент на режија.

Носител на улогата на Марко Антоние во претставата е првенецот Бобан Ковачевски, Цезар е Васил Чичијашвили (Грузија), Октавија е Марија Кичевска Шокаровска, Змијата е Мими Поп Алексова Атанасовска, Октавијан – Киро Павлов и Аполодор – Дојчин Дочев од (Бугарија). За оваа претстава ангажиран е целиот ансамбл на балетот, хорот и операта.



Слично

Поврзани вести