Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАК го добила наодот кој покажува од што починала 33 годишната пациентка на КАРИЛ

ГАК го добила наодот кој покажува од што починала 33 годишната пациентка на КАРИЛ

Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје вчера попладне го добила хистопатолошкиот наод за пациентката И.К. од Скопје, родена 1987 година, која почина на КАРИЛ на 9 мај 2021. 

Таа беше примена на ЈЗУ У ГАК на 21 април 2021 година со голем тумор на матката и оперирана на 22 април со уреден оперативен тек. 

Наодот оди во прилог на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево и на вроден сегментен недостаток на мускулниот слој на тенкото црево што всушност е и причината која довела до постоперативна спонтана перфорација, што беше причина за вториот оперативен третман на пациентката во присуство на дигестивен хирург.

Информираат дека оваа дијагноза е исклучително ретка и во голем број од случаите причината за нејзино појавување е непозната но најчесто е асоцирана кај пациенти кои имаат голем солиден тумор, лимфом, леукемија или некоја воспалителна болест. Системската форма на оваа болест, според достапната литература, е асоцирана со многу тешка клиничка слика чија дијагноза е невозможно да се постави предоперативно.

Напоменуваат дека пациентката има историја за претходни оперативни зафати, извадена слезинка пред пет години и пунктирани лимфни јазли пред три години кои веројатно се во склоп на системската болест што ја имала пациентката.

Триесет и тригодишната пациентка  шест дена се лекувала на ГАК и во стабилна состојба на 29 април  е примена на Клиниката за дигестивна хирургија.

Слично

Поврзани вести