Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАК бара брзи ПСР-тестови за родилките за да не се оптовари одделот за самоизолација

ГАК бара брзи ПСР-тестови за родилките за да не се оптовари одделот за самоизолација

Од почетокот на епидемијата, односно од март до сега 20 родилки вкупно се потврдени како позитивни на корона вирусот на Клиниката за гинекологија, вели за Фактор, директорката на ГАК, д-р. Викторија Јовановска.

Вели дека во одделот за самоизолација на Клиниката, се уште има слободни места, но бидејќи таму задолжително одат сите родилки кои доаѓаат додека ги чекаат резултатите од Ковид-тестовите, во преговори се со министерството да им се обезбедат брзи ПСР-тестови.

-За сега има место во тој оддел за самоизолација, но ние мопра да направиме планови за да не дојде до преоптовареност. Поради тоа веќе разговараме со министерот Венко Филипче, но и генерално со министерството за да ни се обезбедат брзите ПСР тастови кои само за 40-тина минути ќе покажат дали родилката или останатите пациентки се позитивни на вирусот и мора да бидат сместени во одделот за самоизолација, или пак не се и може слободно да ги хоспитализираме на одделите на Клиниката, вели д-р. Јовановска за Фактор.


Слично

Поврзани вести