Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гајдов за Путин: Тој има план со четири цели, ќе видиме дали ќе го оствари

Гајдов за Путин: Тој има план со четири цели, ќе видиме дали ќе го оствари

Путин е многу искусен и образован претседател, изјави новинарот Љубомир Гајдов во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5. 

Тој зборуваше за руската инвазија на Украина и за постапките на рускиот претседател Владимир Путин. 

„Мислам дека Путин оди по стапките на Хитлер. Лажеше неколку седмици дека нема да ја нападне Украина, како што Хитлер лажеше дека нема да ја нападне ниту Полска, ниту СССР. Тој има план со четири цели, ќе видиме дали ќе го оствари“, рече Гајдов.

Веќе 22 дена има војна во Украина. На 24 минатиот месец Русија ја нападна Украина, а едно од кучните барања е земјата да остане неутрална. 

Слично

Поврзани вести