Економија, финансии, бизнис

Контакт

Габриел: Треба сега конечно да се формира Влада, бидејќи имаше демократски избори

Габриел: Треба сега конечно да се формира Влада, бидејќи имаше демократски избори

Сојузниот министер за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел ги осуди вчерашните случувања во македонското Собраниe. 

„Доживеавме сега, во (ПЈР) Македонија, кандидат за прием во ЕУ, да се упадне во Собранието, да бидат удирани пратеници и таму да владее атмосфера, која воопшто не е споива со она што ние го очекуваме во Европа. Таму треба сега конечно да се формира Влада, бидејќи имаше демократски избори. Тоа што досегашната владејачка партија го одбива тоа, што нејзини приврзаници упаѓаат во Собранието, удираат пратеници воопшто не прифатливо. Ова мора веднаш да се смени и мора да биде јасен сигнал од овде, од Малта“ - вели Габриел. 

Тој ја лоцираше одговорноста кај ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести