Економија, финансии, бизнис

Контакт

Габриел: Актуелната опозиција да не го блокира добриот почеток на новата Влада

Габриел: Актуелната опозиција да не го блокира добриот почеток на новата Влада

Германскиот шеф на дипломатијата, Зигмар Габриел смета дека новата македонска Влада имала импресивен почеток и се фокусирала на соработка со соседите преку амбициозни реформски проекти и позитивни чекори.

Според соопштението на геманското МНР,  Габриел порачал дека сега е клучно да се спроведат најавените реформи, а реформскиот процес во Македонија повторно да добива во интензитет. Според него, само на тој начин Македонија може да напредува на патот на евро-атлантското приближување. 

„Исто така, сакам да апелирам до актуелната опозиција да не го блокира добриот почеток на новата Влада и да не одбива конструктивна соработка со Владата. Бидејќи, сето тоа ќе биде за добро не само за ЕУ перспективата, туку и за граѓаните на земјата, кои се надеваат на напредок и подобрување на нивната животна ситуација“ - вели Габриел.

Тој ја нагласил поддршката на Германија за евроатлантската перспектива на Македонија, како и на другите држави од Западен Балкан, која не е само политичка, туки и практична, со совети и дела, посочувајќи го како пример Берлинскиот процес.

Вчера во Берлин, Габриел имаше средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров кој  беше задоволен затоа што Германија и во период пред избори нашла време за реализирање на оваа средба. 

Слично

Поврзани вести