Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФЗОМ ВТОР ДЕН ШТРАЈКУВА, ОСТРИ РЕСТРИКЦИИ НА УСЛУГИТЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Очекуваат Владата да разговара за нивното барање

ФЗОМ ВТОР ДЕН ШТРАЈКУВА, ОСТРИ РЕСТРИКЦИИ НА УСЛУГИТЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Очекуваат Владата да разговара за нивното барање

На вратите на Фондот за здравствено осигурување и денеска остануваат натписите „ШТРАЈК“. Вработените незадоволни од најавите за кратење на нивните плати револтот го изразуваат со тоа што крајно рестриктивно извршуваат услуги за граѓаните, освен најитните. И денеска нема да работат на барањата за рехабилитација, за ортопедски помагала, заверка на ортопедски помагала, за надомести за породилно отсуство и за исплата на боледување, за осигурување во странство, за двојазични обрасци...

Непречено ќе работат лекарските комисии што ги продолжуваат боледувањата на вработените за тие што имаат потреба.

Очекуваат Владата да разговара за нивните барања, и веќе упатија апел до техничкиот премиер Талат Џафери, да отвори точка на дневен ред, да се разгледа нивното барање.

Истовремено, техничкиот премиер Талат Џафери одржал координативна средба со претставници на институциите. Во интервју за МИА Џафери вели дека треба повторно да се разгледа одлуката со која се препорачува намалување на платите на вработените во ФЗОМ. 

-Веќе имавме координативна средба со институциите за да согледаме од каде потекнуваат причините за тоа. И секако институциите добиваат соодветна критика зошто дошле во ситуација по пат на јавен искажан став, преку протести и штрајк, да се дојде до право коешто е стекнато со определени одлуки, и веројатно тоа е оставштина од начинот на менаџирање на соодветните институции кои се надлежни по односните прашања, изјави Џафери.

ФОТО: Фактор

Слично

Поврзани вести