Економија, финансии, бизнис

Контакт

Футуристичка кула со ротирачки ресторан ќе никне на Водно

Футуристичка кула со ротирачки ресторан ќе никне на Водно
Во близина на крстот на Водно ќе се издигне телекомуникацискатa кула со футуристички изглед. Во неа треба да се сместат предавателите на македонските оператори и антенскиот систем за контрола и следење на радиофреквенциите. Планот е кулата висока 155 метри, да се направи половина километар источно од Милениумскиот крст, а ќе ја гради градежната компанија Гранит. Идејата е во објектот да се изгради ротирачки ресторан како и административни простории за Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и за Министерството за внатрешни работи (МВР). Компанијата Гранит преку Македонската берза извести дека кулата ќе биде готова за 5 години и ќе чини 17,6 милиони евра. Како што јави порталот Плусинфо кој ја објави и фотографијата,  наскоро ќе биде изработена и 3Д анимација на која ќе може да се види кулата од различни перспективи и од сите можни агли.  
Слично

Поврзани вести