Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФУРКАН САЛИУ: Како знаеле дека јас имам пиштол и дека секој викенд одам на стрелиште?

ФУРКАН САЛИУ: Како знаеле дека јас имам пиштол и дека секој викенд одам на стрелиште?

Новинарот Фуркан Салиу за Сител изјави дека секој ден оди на стрелиште и дека тоа го планирал и по фудбалскиот меч во Долно Коњари, затоа имал пиштол во автомобилот. 

Во селото за време на мечот се случија инциденти меѓу навивачките групи, а тој беше приведен со образложение од полицијата дека нападнал полициски службеник.

„Преку адвокат уште утре ќе поднесам поднесок до внатрешната контрола на МВР, особено за делот на отворањето на моето возило без мое присуство и без судски налог. Како знаеле дека е тоа моето возило? Како знаеле дека јас имам пиштол и дека секој викенд одам на стрелиште? Доказ дека одам на стрелиште може да се најде во стрелиштето каде се запишува и потпишува секој поединец. Го искористија моментот за да ми ‘вратат’ за прилозите кои што ги објавив на Порталикс, а кои се однесуваат на лажните анкети“, изјави Салиу.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски тврди дека новинарот нападнал полициски службеник. 

Слично

Поврзани вести