Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фуркан Салиу: Дали има јавен интерес во тоа што е објавено?

Фуркан Салиу: Дали има јавен интерес во тоа што е објавено?

За денешното протекување на документ од „Рекет“ во јавнота се огласи и новинарот Фарук Салиу кој на својот фејсбук профил напиша дека мисли дека на ОЈО име криво што исказот на Камчев не го објавил медиум близок до нив.

  „Мислам дека на #ОЈО им е криво што исказот на #Камчев не го објави медиум близок до нив а ова со пресумцијата на невиност и другите глупости што ги напишале ми се смешни знаејќи како функционира таму.
- За да добиеш навреме официјална информација од ОЈО треба да си пријател со некого... Или ќе почекаш да ја прочиташ од портали блиски до нив
- Самиот премиер на прес конференција кажа дека од медиуми чита одлуки и информации пред да ги објави самото обвинителство
- Пред три дена одлуката не беше објавена нигде, два часа порано одредени медиуми објавија дека Јанева иде во притвор – реакција немаше
-Како е можно одредени медиуми точно да знаат кога полицијата ќе ја притвори Јанева?
- За самиот случај #Рекет дознавме од медиуми и од новинарот Героски а не од ОЈО
- А да не почнам да пишувам (ќе ми требаат 2 дена) какви се детали се објавуваа за 27 април додека траеше истрагата

А да не почнам да пишувам (ќе ми требаат 2 дена) какви се детали се објавуваа за 27 април додека траеше истрагата
Заканите за тужби и острата реакција на ОЈО е само продолжение на владиниот акциски план објавен пред точно месец дена.
Дали има јавен интерес во тоа што е објавено?“, пишува Салиу.


Слично

Поврзани вести