Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лидерот на ДУИ и Џафери ја добија тужбата против екс разузнавачот Богоевски

Лидерот на ДУИ и Џафери ја добија тужбата против екс разузнавачот Богоевски

Поранешниот разузнавач, Слободан Богоевски го клеветел врвот на ДУИ за примање мито со случајот Маѓар Телеком, одлучи граѓанскиот суд во Скопје. 

Одлуката во корист на политичарите од ДУИ е објавена во петокот. 

Судот ги уважи тужбите на Али Ахмети и Муса Џафери, но Богоевски нема да им плати материјална штета од 90 000 евра, како што првично побараа.

Адвокатот на Богоевски најави жалба пред Апелацискиот суд.  Во рамки на постапката која се водеше во САД против поранешни функционери на „Маѓар Телеком“, Богоевски сведочел дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од компанијата од по 2,5 милиони евра. 

Слично

Поврзани вести