Функционер на ДУИ осомничен за намерно предизвикување на пожари во Скопје?
Министерството за внатрешни работи сомничи функционер на опозициската ДУИ за намерно предизвикување на пожари во подрачјето на Скопје.
Како што дознава „Фокус“, станува збор за претседателот на партискиот огранок во Шуто Оризари, во чиј дом полицијата веќе извршила претрес. Според неофицијални информации, при претресот биле пронајдени пиротехника и други запаливи материјали, а воедно му бил одмезен и мобилниот телефон, со цел да се вештачи.
Слично
