Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фуере: ЕУ има време до крајот на годинава да даде зелено светло

Фуере: ЕУ има време до крајот на годинава да даде зелено светло

Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере вели дека доколку Советот на ЕУ не одобри старт на преговори за земјата оваа година, тогаш следната е изгубена поради европските избори. Во интервју за МИА тој ги поздрави “огромните напори“ на Владата, но укажува и на слабостите.

Поранешниот амбасадор Фуере, кој сега работи како експерт во влијателен тинк тенк посветен на европските политики (ЦЕПС), неодамна објави мислење за последните извештаи за Западниот Балкан и стратегијата на проширување на Европската унија. Тој има голема надеж дека во јуни Советот на ЕУ ќе одобри старт на преговори со Македонија, дури и да не е до тогаш решен спорот со името.

„Ако Грција продолжи да одбива и покрај сите напори на македонската Влада, сите гестови на добра волја и доверба, ако уште блокираат позитивна одлука за преговори, мислам дека тоа ќе покаже дека на Грција не и е при срце интересот на Западниот Балкан“ – вели Фуере.

Тој додава дека ЕУ има време до крајот на годинава да даде зелено светло.

Поранешниот евроамбасадор ја поздравува работата на Владата во последните 11 месеци, но предупредува и дека треба да се фокусира на внатрешните реформи и нивната имплементација колку што е фокусирана и на поправањето на својот надворешен имиџ.

Но, вели дека премногу време посветија на надворешниот имиџ, иако е разбирливо, се обидуваат тоа да го подобрат, а не доволно време посветуваат на усвојување на реформите ина доказ дека се имплементираат.

Слично

Поврзани вести