Фуере: Да има кампања на информирање за тоа што содржи договорот и зашто е добар
Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере. во интервју за МИА, изјави дека по постигнатиот договор со Грција, сега е важно меѓународната заедница да ги препознае тие напори, а ЕУ да даде зелено светло и да отвори преговори за членство со Македонија.
Фуере е со став дека по еуфоријата на поздравување, многу е важно да има кампања на информирање на јавноста за тоа што содржи договорот и зашто е добар за земјата.
„Ова е сега витална обврска за македонската Влада, да ги насочи сите напори за да има вистинска дебата. Тоа ќе помогне да се одговори на стравовите што беа изразени за содржината на договорот. Во спортивно ќе се повтори она што се случуваше последните денови: насилство надвор од Собранието, а не рационална дебата каде сите мислења се искажани. Ваков договор бара детална, транспарентна дебата во општеството, на секое ниво и проблемот е што Македонија ја нема таа традиција на јавна дебата“ - вели Фуере.
Според него, таа дебата мора да ги вклучи сите сектори на општеството: академијата, медиумите, граѓанското општество на национално и локално ниво.
