Фудбалските звезди ќе имаат и паузи ако не можат да го издржат скопскиот пекол
Вечерашното финале од Супер купот на УАФА бидејќи има само симболично значење ќе им овозможи на фудбалските ѕвезди на двете екики кратки паузи во текот на мечот доколку не можат да ги поднесат горештините на скопскиот пекол. Според временските прогнози се очекува и денеска да биде доста топло со температури над 40 степени.
Според правилата на УЕФА, планирани се две паузи за освежување на играчите по 30 и 60 минути игра.
На вчерашната прес-конференција менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, рече дека условите за игра ќе бидат исти за двата тима, иако изминатите денови закажувал тренинзи во 16 часот, со намера играчите да се аклиматизираат на високите температури, но, како што рече, „во Манчестер во тој период секогаш имаше дожд“.
Од друга страна, тренерот на Реал, Зинедин Зидан, не смета дека тоа што климата во Мадрид е слична со оваа во Скопје ќе биде предност за неговите фудбалери.
