Фудбалерот Лука Станковски раскажа како се спаси од силниот земјотрес во Турција
Двата слободни дена од клубот го спасија од катастрофалниот земјотрес младиот фудбалер Лука Станковски кој игра во Газиантеп. По натпреварот во Анталија, 20 годишниот спортист во неделата наутро се вратил во родното Скопје.
„Јас прво сакав да одам во Газиантеп, ни кажаа дека ќе летаме преку Истанбуил, прво ќе одиме во Истанбул па во Газијантеп и бев на пола пат од Скопје и се одлучив да одам дома. И за среќа го избегнав земјотресот и не сум доживеал стрес. Кога беше земјотресот сум добил многу пораки, јас спиев и бев во Скопје. Сите ми пишуваат далчи сум добро и станувам и незнам што е работата, што се десило и после отварив и што да видам, стварно трагедија“, изјави за Сител фудбалерот Лука Станковски.
Македонскиот фудбалер кој една година живее и настапува за Газиантеп, вели дека за време на серијата земјотреси во градот биле 3 -ца негови соиграчи и стручниот штаб.
