Фудбалер пријавил дека бил нападнат од судија на натпревар во кумановско
Фудбалер на ФК „Куманово-Милано“ пријавил во полиција дека бил физички нападнат од судијата за време на фудбалски натпревар одигран во кумановско.
Според билтенот на МВР, на 19 април 2026 година во 16:30 часот во СВР Куманово, 22-годишниот И.А. од Куманово, кој настапува за ФК „Куманово-Милано“, пријавил дека инцидентот се случил околу 11:00 часот на стадион во селото Агино Село, непосредно пред крајот на натпреварот меѓу „Македонија-Агино“ и „Куманово-Милано“.
Како што се наведува во официјалното соопштение:
„На 19.04.2026 во 16:30 часот во СВР Куманово, И.А.(22) од Куманово, фудбалер на фудбалскиот клуб „Куманово-Милано“, пријави дека околу 11:00 часот на стадион во с.Агино село, кумановско, пред завршување на натпревар помеѓу фудбалските клубови „Македонија-Агино“ и „Куманово-Милано“, Г.П. - судија на натпреварот, по претходна расправија, физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Слично
