Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фросина Ременски почна со работа како генерален конзул во Венеција

Фросина Ременски почна со работа како генерален конзул во Венеција

Поранешната функционерка на СДСМ започна со работа како генерален конзул во Венеција назначена од Владата. Добредојде и посака Фатон Асани, владиниот координатор за дијаспора.

„На средбата беше разговарано за работата на ГК Венеција на дневна основа, а пред се'за динамиката на термини за издавање на нови патни исправи кои со новиот Генерален конзул и реорганизацијата имаат динамика на работа што е потврдено и од наши сограѓани кои живеат и работат во Р.Италија кои закажале теермини за сликање, добиваат термини со поблиски датуми и им се издадени пасоши.

Разговаравме за настани кои ги организираат нашинците и кои се случуваат во тековната година од културно -уметнички и спортски карактер во различни региони на Италија каде што живее нашата дијаспора“,напиша Асани.

На 13 февруари Владата донесе одлука за генерален конзул и шеф на генералниот конзулат на Македонија во Венеција, Италија, да ја именува Ременски.

Таа е редовна професорка на Факултетот за безбедност во Скопје. Како член на СДСМ беше пратеник, потпретседателка на Собранието и министерка за труд и социјална политика на Македонија.




Слично

Поврзани вести