Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРОСИНА РЕМЕНСКИ СО ОТВОРЕНА КРИТИКА ДО ВЛАСТА - Не можеш да се бориш против Грујо, а да не те интересира како избега од казната

ФРОСИНА РЕМЕНСКИ СО ОТВОРЕНА КРИТИКА ДО ВЛАСТА - Не можеш да се бориш против Грујо, а да не те интересира како избега од казната

Фросина Ременски, некогашна потпретседателка на СДСМ и Собранието и екс министерка за труд во техничката Пржинска влада, се јави со критика до Владата на премиерот Зоран Заев.
Професорката која некогаш беше меѓу клучните луѓе во владејачката СДСМ, но потоа беше исклучена од партијата поради тоа што беше осомничена во аферата Рекет, вели дека власта отстапува од клучните принципи со кои ја доби довербата од граѓаните.
„...Заборавањето или отстапувањето од клучните пораки и цели во политичката БИТКА со кои е добиена ДОВЕРБАТА од граѓаните е првиот тест за ВОЉАТА да се направи ПРОМЕНА на аномалиите против кои била насочена БОРБАТА“, пишува, меѓу дугото, на фејсбук Ременски. 

Нагласува дека тоа ќе го пренесе сликовито, за да не и забележат буквалистите дека филозофира. 

„Не може да се бориш против Грујо, а да не те интересира како избега од казната и да се правиш незаинтересиран да ги прашаш оние рамолебци во обвинителство "до кај се со таа f..... истрага и кого тоа прават будали. Ејјј години се маршираше по улици против владеењето и против големиот криминалец Грујо, за да биде толку лесно да се голтне и прифати паролата "ќе го вратиме дома да си ја одлежи казната".

Не може да се бориш против Сашо Мијалков, против тој што монтираше случаи и обвиненија, против монструмот УБК, прислушкувањето, против бандите и извршителите на црни нарачки и неправди, а да не прашаш "каде се тие f....... извршители сега и каква е нивната одговорност за страдањата и неправдите платени со народни пари".

Ејјјј години се маршираше по улици, се слушаа снимки од изживувања, разврат, калашљикови, пиштоли во уста, хотели, трговски удели, рекети, тепања, избор на судии, тефтерчиња за нашите, за нивните, за ендеци, за сотирања ..., за да биде толку лесно да се голтне и прифати да се стави "лајк на пејџот на јавната личност Мијалков" и медиумски да се пренесуваат ставови за некакви "f........ реформи во барата во кој тој котеше риби". А никој да праша или да истражи "ало дечко тоа хотелчето на плоштат дедо ти од Штип во наследство ти го даде? Таа спасителска војска ние ја плаќаме или ти си ја плаќаш, со таа муниција ловеше или ќе ловиш.

Не може да се бориш притив организираниот криминал и корупцијата и да правиш f....... ветинг во судство и обвинителство, а да не прашаш "Where is Марко - Марко Зврлевски, Who is Вилма - Вилма Русковска & другите извршители?". Ејјј слушавме бомби, нарачки, местење предмети, обвиненија, гледавме извршители, сите обвиненија на Русковска паднаа како скапана круша, цело лето 2017 го разрешувавме Марко "за нестручно и несовесно работење", за да биде толку лесно да се каже или да се праша "ало дечки, извршителите на мафијата ви се ударна сила во f....... реформата, за нивните обвиненија го носите законот на Трајанов за отварање на монтираните случаи, а истите треба сами да се казнат?", или пак марширавме да се надеваме дека се по Марко е заборавено, а се по Вилма ќе се заборави?

Ете така му иде тоа во аномијата - се бориш, се бориш, се надеваш, те плукаат, те колнат, те мразат, те прогонуваат за да дојде ден кога ништо не ти пречи од тоа против кое/што си се борел. Си станал рамнодушен од разочарувања, или затоа што ти дале коскиче за глодање, за да заборавиш и да не гледаш дека кртината уште си ја мезат нечепнатите и заборавените криминалци против кои ти си се борел“, пишува, меѓу другото, Ременски.

Само има едно големо НО, додава таа.

„Тоа е фактот дека интелигенцијата ја преживува секоја аномија и не простува никому за изгубеното време, години и за изневерените надежи ..., и по правило ја пишуваа анализата за аномичните времиња кои доаѓаат и поминуваат“, вели Ременски, појаснувајќи дека овој нејзин статус е за „сите борци во прво и второ лице множина“. 

Слично

Поврзани вести