Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРОСИНА РЕМЕНСКИ СО КРИТИКА: Што ли разбрала таа што во МВР ќе пријаува книжарници

ФРОСИНА РЕМЕНСКИ СО КРИТИКА: Што ли разбрала таа што во МВР ќе пријаува книжарници

Професорката Фросина Ременски и поранешна висока функционерка на СДСМ и на Собранието, ги критикува предупредувањата од МОН дека сите оние што ќе продаваат хартиени учебнци, ќе добијат пријави во Полиција, со обвинување дека го опструираат новиот образовен концепт со кој учебниците ја изучуваат наставната програма на дигитален начин.

„Нашата домашна библиотекa брои околу 2.100 книги од секаков жанр и на повеќе јазици. Каде и да одиме купуваме книги, а на старите напуштени им даваме живот и век. 

Син ми "чул - не дочул" ме прашува вчера зошто полиција ќе оди по книжари како што чул на телевизија. Како да му кажам на детето дека, книгата никој не може да ја забрани - напротив колку е позабранета, толку повеќе ќе се бара. 

Но, колку разбрал тој, толку разбрала таа што во МВР ќе пријавува книжарници. 

Ќе беше подобро да ги пријави 60-те милиони евра потрошени за лаборатории кои (дел) со фалсификати наместо на факултетите отидоа по МВР и никогаш не стигнаа до студентите - исто како оние компјутери за секое дете. Ама неее ..., таму не смее да се чепка, па затоа удри по книжарите“, пишува Ременски на својот гејсбук профил.  

Слично

Поврзани вести