ФРОСИНА РЕМЕНСКИ: Сите организирано да му се извиниме на Пекер и да му понудиме бесплатна правна помош за да не тужи за клевета
Фросина Ременски, професорка на Факултетот за безбедност и поранешна потпретседателка на Собранието, вчера преку фејсбук подетално се осврна на аферата со фалсификувањето пасоши, а откако турскиот државјанин Седат Пекер преку неговите адвокати демантираше дека поседува фалсификуван македонски пасош со негова фотографија, а туѓ идентитет,
„ЏАДИН ОД ЧАИР ДА МУ СЕ ИЗВИНИ НА СЕДАТ ВО АФРИКА И НА FUCKING "СИСТЕМОТ ЗА ЧИПИРАЊЕ"“, пишува Ременски во својот пост.
Таа вели дека да се јави Седат Пекер од Средна Африка 24 часа по случајот со кражбата на идентитит за негов пасош, да пренесат сите медиуми, а да не се отворат клучните аспекти на овој криминал со меѓународни безбедносно-политички димензии за државата, тоа е возможно само кај нас.
„Не, не ... Мислам дека, сите организирано треба да му се извиниме на Пекер, пардон на Џадин Амедовски што ‚организирано и институционално како држава му го нарушуваме неговиот углед' и да му понудиме бесплатна правна помош да не тужи за клевета и навреда
Да, да ... До таму е иронијата и забеганоста на ФОКУСОТ кој никако ДА УБОДЕ ОКО за тоа во каква fucking каша влезе оваа напатена земја со оваа беља на тој пат кон ЕУ“, пишува Ременски.
Таа вели дека реформата на системот доцни од пред Павле Трајанов до денес.
“Искрено се надевав дека, со ваква најава денес на прес-конференција ќе излезе министерот Оливер Спасовски и „ќе спаси колико се спасит може“ по оваа СИСТЕМСКА ХАВАРИЈА. Ќе почекаме.
Зошто во нашите управни служби можат да извадат пасош белосветски криминалици?
Ако денес на некој од шалтерите во управните служби во МВР или низ некоја пишана процедура се појави лице барано по национална или меѓународна потерница на пример, Горан Грујовски со трите идентитети (како Христо Атанасов или како Владимир Варелов), „системот“ во кој нема систем и полициски сенс ќе го внесат во процедура за добивање на патна исправа.
За да не се случи тоа (можеби не за ова звучно име, но за друг сигурно), потребна е повеќекратна системска и евиденциска проверка (10 дена минимум) за да може документот што се бара (пасош, лична карта), да влезе во фаза на ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА, односно изработка
Главниот проблем зошто ова може да му се случува на „системот“ дома е:
Прво, фактот што СИСТЕМОТ ЗА ПОТРАГИ И РАСПИСИ во МВР НЕ Е ПОВРЗАН со СИСТЕМОТ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА НА БИОМЕТРИСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА - „IMAGO“, кој се наоѓа во Секторот за информатичка технологија со кој раководи Началник и над него Помошник на Министерот..
Повеќе детали во постот на Ременски
