ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ПАК БРАНУВА: Вестите за Фрчкоски и Османи нема да ви го покријат клучното прашање - до каде е истрагата за бегството на Мијалков
Фросина Ременски, професорка и членка на СДСМ која неодамна го ажурираше своето членство во партијата, повторно ја бранува јавноста.
Таа и порачува на власта и на обвинителството да побрзаат со истрагата за бегството на Сашо Мијалков, наместо да се пуштаат спинови, како на пример оној за наводната „амбасадорска трка за Фрчкоски“.
„Многу спинови за дефокус од клучното прашање - до каде е истрагата за бегството на Сашо Мијалков.
Ако некој мисли дека со "најпопуларните" вести за наводната "амбасадорската трка на Фрчковски" и "провокациите од Османи" за наводна промена на Уставот ЌЕ ГО ПОКРИЕ ИНТЕРЕСОТ "За одговорноста" за привилигираниот преговарачки и ексклузивен третман на Сашо Мијалков ГАДНО СЕ ЛАЖЕ.
И не се плашите од Сашо, тој е во затвор - ќе остане таму подолго од што се навива. Тоа за среќа е надвор од дометот на другарка му Вилма, нејзините "лични извори" и сите други знајни и незнајни "јунаци". Работите, за да не ве сработат“, напиша Фросина Ременски на својот фејсбук профил.
https://www.facebook.com/frosina.remenski/posts/3983362745028283
Слично
