Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фросина Ременски не е задоволна од излезноста на членството

Фросина Ременски не е задоволна од излезноста на членството

Фросина Ременски која беше еден од трите кандидати за лидер на СДСМ, вечерва, по завршувањето на гласањето на вонредните внатрепартиски избори, изјави дека воопшто не е задоволна од излезноста на членството и дека тоа е можеби многу поважно од резултатот на изборите.

Вели дека сите од партијата ќе треба да се обединат околу тој што ќе победи.

„Тоа е сериозно прашање за една внатрепартиска дискусија во однос на она што го очекуваме и како исход и како резултат. Можеби не се толку важни резултатите, како прашањето зошто нашето членство одлучи да не излезе на изборите. Имам забелешки и ќе ги кажам. Мислам дека токму од тие прашања треба да тргне недекларативната залоожба за обединување. Верувам и знам дека предноста секако ја имаше Ковачевски. Ќе ги слушнам резултатите, ќе му подадам рака и ќе му посакам се најдобро, ќе му порачам да се погрижи многу повеќе за она што значи партиска работа, обединување на партијата“, рече таа. 

Ременски очекува да излезат на површина прашањата кои ќе и помогнат на партијата да ги надмине предизвиците пред кои е исправена. Во трка беше и Јован Деспотовски, и се очекува и официјално Димитар Ковачевски да биде прогласен за нов лидер.

Слично

Поврзани вести