Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ФРОНТОТ НА ПОЖАРОТ Е ГОЛЕМ“ - се уште гори кај Оморани, ангажирани припадници на МВР и АРМ и вклучен хеликоптер

„ФРОНТОТ НА ПОЖАРОТ Е ГОЛЕМ“ - се уште гори кај Оморани, ангажирани припадници на МВР и АРМ и вклучен хеликоптер

Шумскиот пожар кој од саботата беснее на планинаа Мукос помеѓу селата Оморани во близиина на манастирот Свети Никола и село Степанци во близина на манастирот Света Богородица во Општина Чашка, утрово освен од земја се гасне и со воздухоплови.

- Пожарот во с.Оморани, Општина Чашка е сеуште активен. Со пожарот е зафатена лисна маса и мешана шума и предизвикува големо чадење. Фронтот на пожарот е голем. Утово во 06:30 часот почна со дејство хеликоптерот на МВР Ми -171, но ефектите од гасењето се многу мали - соопшти првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов. 

Тој дополни дека ангажирани се 25 припадници на МВР, специјална единица и 25 припадници на Армијата кои се веќе на местото на пожарот. 

- Истите се пречекани од страна на две лица од ЈП Национални шуми на раскрсницата во с.Оморани. Екипите од МВР и АРМ се поделени во две групи од кои една група ќе дејствува северно во правец на манастирот Св.Никола во придружба со екипа од 5 лица од ЈП Национални шуми, а втората група ќе дејствува западно кон манастирот Пресвета Богородица во правец на с.Оморани. Од 10:00 часот во гаснењето на пожарот ќе биде вклучен и 1 ер трактор на Дирекција за заштита и спасување.

Од рано утрово во гаснење е вклучен хеликоптерот на МВР МИ-171, а од 10 часот во негово гаснење се вклучи и „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување - информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Велес.

Инаку во негово гаснење од утрово се вклучени и пет лица од Општина Чашка, десет вработени од ШС „Бабуна“ од Велес и 20 припадници на Армијата.

Како што информира Жаклина Гушева, директор на велешката подружница „Бабуна“ на ЈП Национални шуми, пожарот бил пријавен во саботата попладне, а нивни вработени од вчера се вклучиле во негово гаснење. Воедно тие вчера правеле бразди-пресеки на теренот за да се спречи ширењето на пожарот и да ги спасат манастирите.

Слично

Поврзани вести