Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРОДЕМ вчерашниот роденден на ВМРО-ДПМНЕ го виде како фамилијарна прослава

ФРОДЕМ вчерашниот роденден на ВМРО-ДПМНЕ го виде како фамилијарна прослава

ФРОДЕМ оценува дека вчера, на фамилијарна роденденска забава, по којзнае кој пат се изнаслушавме лажни зборови, измислици и самофалби. По кознае кој пат слушнавме за внатрешни и надворешни непријатели како и инфантилни пораки и блефови. Тоа беше скапа парада на лажна сигурност.

„Видовме, како купче персони, кои ја украдоа Македонија и ја приватизираа ВМРО-ДПМНЕ непречено продаваат магла, па дури и се закануваат. Пастирот дрско кобеше и го кудеше народот зошто повторно не му дал апсолутна власт со 63 пратеника. Оти, кутрите, поради „жолтите комбиња“ последните избори не можеле пак да ги наместат како и сите претходни.  Од друга страна, десетици илјадници луѓе по најразлични основи, од неразјаснети случаи, преку тешки монтирани прогонства, па се до брутални бизнис преземања, рекетирања, малтретирања и бркања од работа, секојдневно очекуваат да се почне со реална примена на Кривичниот закон. Затоа, ФРОДЕМ ја повикува новата власт без никакви задкулисни калкулации веднаш да пристапи кон враќање на поредокот и правдата, и конечното декриминализирање на Македонија“, се наведува во соопштението.

ФРОДЕМ смета дека прва работа која членството на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја направи е масовно барање за оставка на Груевски како и да го промени статутот со кој ќе овозможат нормални внатрепартиски односи меѓу членството и органите. 

Истовремено, ФРОДЕМ го повикува членството и органите на новата власт, односно кандидатите за функции, да не се нафаќаат на функции кои не можат да ги извршуваат, а особено ако не можат да ја вратат правдата и поредокот во земјата.


Слично

Поврзани вести