Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФРОДЕМ и Реформатори ќе се обединат во една фракција, ќе дозволи ли Мицкоски?

ФРОДЕМ и Реформатори ќе се обединат во една фракција, ќе дозволи ли Мицкоски?

Дел од групата „Рефоматори“ и „ФРОДЕМ“ најавија дека ќе ја формираат првата фракција која ќе делува во рамки на ВМРО-ДПМНЕ, односно ќе водат сопствена политика иако треба да ги доближат заедничките партиски ставови. 

Ова е првиот посериозен чекор кон формирање на фракција, откако претходно истото го најави Филип Петровски како еден од моментални најактивните членови кој не доби никаква официјална функција на последниот партиски Конгрес во Валандово и постојано го оспорува легитимитетот на претседателот Христијан Мицкоски, но истовремено нема намера повторно да излезе од ВМРО-ДПМНЕ и да формира уште една своја партија по „Демократска десница“ која ја згасна во 2011 по парламентарните избори. 

Јове Кекеновски од ФРОДЕМ долго време бараше партиското раководство да го смени статутот и да дозволи функционирање на франции внатре во партијата, но токму поради ваквите активности беше разрешен.

Дел од реформаторите пак, добија одредени признанија за досегашните активности и не беа осудени од своите колеги членови бидејќи активноста за реформирање и промени ја водеа внатре во ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се отцепат како посебен политички субјект.

Останува уште да се види кој ќе членува во оваа фузирана фракција на ФРОДЕМ и дел од Реформаторите, и дали Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ при носењето на новиот статут на партијата ќе дозволат фракционерство. 

Слично

Поврзани вести