ФРОДЕМ ги повика вистинските десничари да не го цепкаат опозицискиот блок поради суети
Движењето „Фродем“ кое се труди да прерасне во глаен предводник на десно ориентираните опозициски партии повика поради лични суети и ситни интереси да не дозволи расцепкување на десниот опозициски блок кој ќе мора многу силно да нападне на денот на изборите. Со тоа може да се доведе во прашање победата и гласачката волја на мнозинството опозициско ориентирани граѓани, се наведува во соопштението на Фродем.

„Времето е кратко. Поправен испит нема. Јасни се аналитичките показателите каков треба да е патот до победата и падот на режимот наспроти повредената суета на одредени партиски лидери и нивните индивидуални егоистички математики. Одговорноста е огромна како кај централно-десничарскиот блок така и кај најголемиот опозиционен блок предводен од СДСМ. Затоа, природно е заедничката антирежимска борба, но уште поприродно е секој блок да се обрати до своето гласачко тело, како нашиот центално-десничарски, така и левичарскиот блок. Волјата и определеноста на опозиционите центро-десничарски гласачи е сосема јасна“, се наведува во соопштението.
Фродем не ја испушти и можноста на граѓаните да им го честита празникот „23 октомври“ како ден на Македонската револуционерна борба.